Во Украина заминале да војуваат против Русија 150 албански државјани, а загинале 51

Од:

Руското Министерство за одбрана објави информација со билансот од странски платеници, кои во моментов се борат на фронтот на украинска страна во која стои дека од почетокот на инвазијата во Украина заминале 150 албански државјани.

– Од објавената статистика од почетокот на инвазијата во Украина, на 24 февруари годинава заминале 150 лица од Албанија, од кои 51 загинале. Во билансот стои и дека 45 албански платеници досега ја напуштиле Украина, а 54 остануваат да војуваат, јави Ора њуз.

Телевизијата пренесува бројки и за платеници од Косово, од каде на украинска страна заминале да се борат 156, загинале 69, ја напуштиле 62, додека 25 останале да војуваат.

– Според руското министерство кое наведува дека ги следи и ги регистрира по име сите странски платеници кои пристигнале во Украина за да учествуваат во воените дејствија, до сега над 7.000 платеници од целиот свет се приклучиле кон украинските борци. Најбројни се оние од Полска или 1.800, наведува телевизијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов напад на Русија

Предраг Петровиќ

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Руската армија нападна неколку аеродроми во Украина

Украина: Поради непријателски напади, некои наши позиции се уништени

Зеленски: Заробивме Севернокорејци, ги испрашуваме во Киев

Украински беспилотни летала погодија две станбени згради во регионот Тамбов, има повредени