Жителите на 2.250 домови во американската држава Ајдахо беа евакуирани поради шумски пожар.
Властите соопштија дека огнот опфатил површина од над 400 километри квадратни и уништил десетина згради.
Од пожарот се загрозени над 5.000 домови и над 3.700 стопански објекти.
Според проценка на локалните власти пожарот може да нанесе штети од осум милијарди долари.