Владејачката партија во Јапонија оствари убедлива победа на изборите за Горниот дом на парламентот – Домот на советниците.
Либерално-демократската партија (ЛДП) на премиерот Фуми Кишида освои 63 пратенички места или повеќе од половина од 125-те места за кои се натпреваруваа партиите, пренесува агенцијата „Кјодо“.
ЛДП и нејзиниот коалициски партнер Комеито обезбедија вкупно 76 места и на тој начин го задржаа мнозинството во 248-члениот Горен дом на парламентот.
Партиита што се борат за уставните амандмани, меѓу кои Коалицијата ЛДП-Комеито, две опозициски партии и независни партии, обезбедија 179 места во Горниот дом на парламентот, надминувајќи го прагот од 166 места во Горниот дом што е предуслов за прва ревизија на Уставот од 1947 година.
Главната опозициска партија – Уставно-демократската партија, освои само 17 пратенички места, додека ЛДП забележа најдобар резултат од 2013 година.
Опозициската Јапонска иновациска партија што исто така се залага за уставни реформи, освои 12 места.
Извор: МИА