Охриѓанец направил сообраќајка и избегал, во возилото криел огревно дрво

Од:

На 7.7.2022 во 12 часот во планинскиот појас над кичевското село Другово, во близина на автопатот во изградба Кичево-Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево пронајдоа патничко возило „фолксваген“ со кичевски регистарски ознаки.

По преземени мерки било констатирано дека возилото претходно учествувало во сообраќајна незгода, истиот ден во 7.30 часот и дека возачот М.С.(63) од Охрид, го напуштил местото на незгодата, го оставил возилото и избегал.

Од извршениот преглед на возилото, констатирано е дека во него има околу 3 метри кубни огревно дрво, кои се предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски