Асен Василев, предложен за премиер на Бугарија од „Продолжуваме со промената“, најави дека на претседателот Румен Радев ќе му го врати истражниот мандат за формирање нова влада.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Асен Василев најави дека не може да го исполни мандатот за формирање нова влада, бидејќи неговата партија не успеа да обезбеди поддршка од 121 пратеник, што ќе овозможи носење на важни одлуки. Василев рече дека имаат 117 пратеници за поддршка на приоритетите на „Продолжуваме со промената“.
Тој одби да ги именува двајцата пратеници кои во последните денови или часови се изјаснија дека се подготвени да гласаат за нацрт-програмата и евентуално за нова бугарска влада.
Извор: МИА