Фатени двајца крадци во Тетово, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

Од:

Вчера околу 12 часот на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 46-годишните А.М. и Е.Ч., двајцата од Република Косово, извести од МВР.

– Тие се сомничат дека непосредно пред тоа одзеле пари од Р.С.(71) од тетовски Пирок. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово, а парите биле пронајдени кај нив, одземени и ќе бидат вратени на сопственикот, соопшти МВР.

Со соодветен поднесок денеска ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници