Врховниот лидер на талибанците Хибатула Ахунзада денеска изјави дека авганистанската почва нема да се користи за напади врз други земји и побара од меѓународната заедница да не се меша во внатрешната политика на земјата.
„Ги уверуваме нашите соседи, регионот и светот дека нема да дозволиме никој да ја користи нашата територија за да ја загрози безбедноста на другите земји. Исто така, сакаме другите земји да не се мешаат во нашата внатрешна политика“, рече Акунзада во говорот во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.
Тој рече дека во рамките на меѓусебната интеракција и посветеност сакаат добри, дипломатски, економски и политички односи со светот, вклучително и со САД и оти веруваат дека тоа е во интерес на сите страни.
Талибанците велат дека се придржуваат до договорот што го потпишаа со САД во 2020 година, пред да ја обноват власта, во кој ветија дека ќе се борат против терористите.
Извор: МИА