Иран: Бараме постојан нуклеарен договор

Од:

Иран денеска објави дека бара постојан нуклеарен договор со светските сили. Таков став беше изразен по разговорите со американскиот сојузник Катар за олеснување на застојот на напорите за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година.

Катарскиот министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани го посети Техеран една недела откако индиректните американско-ирански преговори со посредство на ЕУ во Доха не успеаја да се оддалечат од „ќорсокакот“ што ги попречува напорите за заживување на нуклеарниот договор.

„Ние сме решени да бараме добар, силен и траен договор и покрај тврдењата на САД, не поставивме никакви барања надвор од нуклеарниот договор“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан на заедничката прес-конференција со шеикот Мохамед во Техеран.

Од минатата недела, Иран ја доведува во прашање решеноста на САД да го спасат договорот, а официјален Вашингтон објави дека Техеран додал нови барања на разговорите во Доха.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он