Шпанските рибари протестираат во Гибралтарскиот залив

Од:

Шпанските рибари од јужниот дел на оваа земја протестираат со своите бродчиња во близина на местото каде гибралтарските власти фрлија во морето 70 бетонски блокови за да изградат вештачки брег.

Овој вештачки брег е изговор на владата во Мадрид за отворање на сегашната расправија со владата на Велика Британија во 300 години стариот спор околу Гибралтар.

Рибарите кои досега често пати упаѓаа во гибралтарските територијални води за да ловат, тврдат дека вештачкиот брег се гради за да им се ограничи рибарењето.

Како одмазда за вештачкиот брег, шпанските гранични власти почнаа со долга и темелна проверка на секое возило кое минува преку шпанско-гибралтарската граница, предизвикувајќи блокада на границата поради што се создадоа километарски колони со автомобили и камиони и повеќечасовно чекање на луѓето.

Овој премин е единствената копнена врска на Гибралтар со Европа, па најновиот потег на шпанските власти предизвика гнев кај Гибралтарците, но и кај Шпанците кои секој ден патуваат во оваа територија на работа.

Владата во Мадрид освен тоа се закани дека ќе воведе и посебна гранична такса од 50 евра при секое влегување и излегување од Гибралтар.

Намерното предизвикување застој на границата предизвика реакција на владата во Лондон која го обвини официјален Мадрид дека ги прекршува правилата на ЕУ за слободно движење, па го пријави случајот во Брисел, барајќи интервенција на Унијата.

Претседателот на Европската комисија Мануел Барозо го извести премиерот Дејвид Камерон дека ќе испрати специјална група која ќе ја надгледува ситуацијата на гибралтарската граница со Шпанија.

Владата во Мадрид, меѓутоа, порачува дека ситуацијата нема да се смири додека не се извадат бетонските блокови од морето.

Шпанија тврди дека гибралтарските власти ги поставиле блоковите „без потребната согласност, во води кои не се нивни“.

Денешниот протест на десетина рибарски бродчиња се оддржува пред утрешното пристигнување на еден воен брод на британската морнарица што ќе се укотви во водите од гибралтарскиот залив.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата