Над 200 пожарникари во текот на ноќта се бореа со огнените јазици на две различни локации, во централна Грција и на Пелопонез, по пожарите што избувнаа вчера и се сè уште активни, а превентивно беа евакуирани села, како и еден хотел, јави дописничката на МИА од Атина.
Битката со огнената стихија продолжува и утрово, пожарите се гасат и од воздух со авиони и хеликоптери.
Едниот пожар е во централна Грција во близина на градот Итеа, а преку бројот за итни случаи 112, синоќа беше побарано од жителите што се наоѓаат во северниот дел на градот да се евакуираат.
Во вториот пожар во близина на Краниди на Пелопонез, ут рово е подобрена ситуацијата, иако пожарот сè уште не е локализиран, а синоќа беа евакуирани туристите сместени во голем и луксузен хотел.
Извор: МИА