Подољак: Русија ја смени воената тактика за да ја принуди Украина да се согласи на територијални отстапки

Од:

Михаил Подољак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска изјави дека Русија ја сменила својата воена тактика за да ја принуди неговата земја да се согласи на територијални отстапки, пренесе Укринформ.

-Русија ја смени тактиката. Сега ги напаѓа нашите градови со помоќни крстосувачки ракети. Зошто? Затоа што од воена гледна точка , како што се виде, Русите не знаат многу добро да се борат, рече Подољак.

Советникот на Зеленски истакна дека Русија се префрлила на воена тактика, со која сака да предизвика масовна паника во Украина, да ги исплаши луѓето и да ги принуди да вршат притисок врз нашата влада да се согласи на некои отстапки за Русија.

Според него, Русија инвестира и во своето проруско лоби на политичката сцена во другите земји за да добие поддршка од него.

-Денеска излезе нов напис на господинот Кисинџер, во кој тој повторно вели дека Мора да се направат одредени територијални отстапки, па дури тогаш ќе се појави можноста за запирање на војната, додаде Подољак.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски