Турција го блокираше пристапот до веб-страниците на Гласот на Америка и Дојче веле на турски јазик

Од:

Турското регулаторно тело за електронски медиуми денеска го забрани пристапот до веб-страниците на американскиот државен медиум Гласот на Америка (ВоА) и германскиот државен медиум Дојче веле (ДВ) на турски јазик.

Регулаторната агенција на тој начин ја спроведе вчерашната пресуда на судот во Анкара за ограничување на пристапот до веб-страниците на двата медиума.

„Медиумите со лиценца за работа во Турција мора да ја избришат онлајн содржината што Врховниот совет за радио и телевизија (РТУК) ги смета за несоодветни. Ова е едноставно неприфатливо за независен радиодифузер. ДВ ќе преземе правни мерки против актуелната блокада“, рече генералниот директор на ДВ, Петер Лимбург.

Членот на РТУК од опозициската Републиканска народна партија, Илхан Ташчи, изјави дека се противи на одлуката за блокада. „Ете ја слободата на медиумите и напредната демократија“, објави Ташчи на Твитер.

Синдикатот на турските новинари одлуката на РТУК ја нарече цензура и посочи дека Советот треба да престане да „забранува се што не му се допаѓа“.

Меѓународната организација Репортери без граници ја рангира Турција на 149-то место од 180 во нејзиниот светски индекс за слобода на медиумите. Организацијата наведува дека во Турција „се користат сите можни средства за да се попречат критиките“, вклучително и одземање на новинарски пропусници, цензура на интернет, тужби и апсења.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски