Македонската репрезентација првпат настапи комплетна откако на претходните дуели со Словенија, Украина и двата со Хрватска, отсуствуваа Перо Антиќ, Лестер Бо Мек Кејлеб и Тодор Гечевски и загуби од Литванија со 62:50.
Натпреварот беше еден од контролните дуели за двете селекции пред Евробаскетот во Словенија, а со него се одбележаа и 20 години од првиот натпревар на македонската кошаркарска репрезентација.
Литванците победата ја остварија во последниот период, во кој во првите шест минути македонските кошаркари погодија само еден шут од поле.
Дамјан Стојановски и Предраг Самрџиски со по 11 поени беа најефикасни во нашиот тим, покрај нив уште само Лестер Бо Мекејлеб имаше двоцифрен број на поени, вкупно 10.
Литванија ја предводеше Линас Клеиза со 14 поени.