Кузеска: Останува мерката за субвенционирање на цената на струјата до 80 отсто за граѓаните, се спречува драматично поскапување

Од:

Во време на светска енергетска и економска криза, Владата предводена од СДСМ продолжува да ја субвенционира за 80 отсто цената на електричната енергија за крајните корисници рече на прес конференција потпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Покрај тоа, поддршката на Владата кон ЕСМ да обезбеди цена од 48 евра за мегават час за универзалниот снабдувач за 100% задоволување на потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, овозможи цената на струјата за домаќинствата да не се покачи за 145 отсто. Во конкретни бројки, тоа значи поддршка за секое домаќинство во просек по 3.500 денари на месечно ниво, односно 42.000 денари на годишно ниво. Со последниот модел на Регулаторната комисија за енергетика за формирање на цената на струјата преку четири блокови се спречува драматично поскапување на електричната енергија која постојано расте на светските берзи. Тоа значи дека 98,8 отсто од корисниците нема да почувствуваат ценовен шок од цената на електричната енергија. Односно семејство кое плаќа сметка за струја од 1.500 денари нема да има значително покачување, туку минимално, а оние кои плаќаат под 1.000 денари месечно речиси и нема да имаат никакво покачување. Доколку не беа блоковите, цената на електричната енергија за сите корисници ќе мораше да се зголеми за 17.7 отсто вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он