СДСМ: Јасна порака на ЕУ дека ги поддржува законските измени за судиите, ВМРО-ДПМНЕ е очајна

Од:

„Европската унија упати порака дека очекува поддршка од пратениците за Законот за продолжување на рокот за пензионирање на судиите. Тоа го потврди и евроамбасадорот Дејвид Гир во неговото вчерашно обраќање пред мешовитиот парламентарен комитет Република Северна Македонија- ЕУ во македонското Собрание кој наведе дека пензионирањето на голем број судии останува предизвик“, соопшти СДСМ.

„Јасна е пораката дека ЕУ очекува решение затоа што правото и владеењето на правото се значајни, не само за државата, туку и во однос на членството во Унијата.

Ова предизвикува уште поголем очај кај ВМРО-ДПМНЕ, кој не бира средства во обидите да го блокира законот, со цел да ја попречи правдата, да го одбрани криминалот на своите сопартијци.

Во својата жестока одбрана на криминалот пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа инциденти на Комисијата за европски прашања.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш е против функционален судски систем, но залудно, одговорност за секој криминал ќе има“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

А1он

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

А1он

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он