И Обвинителството работи на пријавата од Милошоски за функционерот кој најави кршење раце и нозе

Од:

Полицијата потврдува дека пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ поднел пријава против Валмир Азири, актуелен државен секретар во Министерството за култура. Од МВР посочуваат дека предметот ќе го работат во координација со Обвинителството во Скопје.

„Денеска, А.М. во полициска станица поднесе пријава против В.А. СВР Скопје во координација со ОЈО презема мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „А1он“.

Милошоски смета дека Азири со објава на „Фејсбук“ шири расистички и кснеофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

„Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, времето на продавачите на магла заврши, новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците“, напиша меѓудругото Азири и додаде емотикон со тупаница.

„Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички или ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, пол, припадност…“, стои во дел од објаснувањето на кривичното дело.

Азири сподели видео од инцидентот во Собранието во кој координаторот на ДУИ, Арбр Адеми фрла предмети кон Антонијо Милошоски и други пратеници од опозицијата и му даде поддршка на Адеми.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски