Неверојатни 67 милиони евра потрошени за увоз на струја во првите шест месеци годинава

Од:

Нешто над 67 милиони евра, или поточно вкупно 67.034.261 евра фактурираше Македонија за купената струја од странство за првите шест месеци од годинава, се вели во анализата на порталот Фактор.мк. Само јунскиот увоз чини 4,3 милиони евра, покажува анализата која е заснована на најновите статистички податоци.

Според анализата, во првите четири месеци од годинава дефицитарното домашно производство на струја, кое се надоместува со скап увоз чинеше фантастични 54 милиони евра, за после два месеци вредноста да се набилда на 67 милиони евра, што е раст од неверојатни 13 милиони евра. Фактите сведочат за галопирачкиот раст на вредноста на увозот на струјата во земјава, за кои од државава секој месец се одлева милионска сума на девизи.

Колкава количина на струја е купена за овие 67 милиони евра само за шест месеци, статистиката не обелоденува. Оттука, нема прецизни податоци колку киловат часови струја се купени секој месец одделно, а со тоа нејасно е и по која цена е купена оваа увезена струја.

Податоците кои ги пренесува Фактор покажуваат дека само во јуни годинава, Македонија купила струја со потекло од Швајцарија вредна 2,6 милиони евра. Околу 1,5 милиони евра пак, чинела увезената струја од Србија во јуни. Од Македонскиот увоз на струја во јуни трговци на струја од Бугарија се офајдија 270.394 евра, а од Грција 130.423 евра.

Во првите шест месеци од годинава од Бугарија е увезена струја вредна 8.725.606 евра, од Србија 27.787.060 евра и од Грција само 274.841 евра. Информациите на Фактор за увозот на струја во периодот јануари-мај годинава покажуваат и дека Швајцарија инкасирала безмалку 30 милиони евра од продажба на струја во Македонија.
Состојбата со дефицитарното домашно производство на струја е далеку поалармантна ако се земе предвид фактот дека од 2008 година па до сега увезената струја надмина една милијарда евра!

За сметка на тоа, Владата не изгради сериозен капацитет со кој ќе се ублажи увозната зависност. Со растечката потрошувачка на струја Македонија од година во година ги полни џебовите на увозниците на струја од стрнство, без притоа да се пофали дека изградила неколку од со децении најавуваните те енергетски проекти.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски