Путин го потврди учеството на самитот на Г20 во Индонезија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата на Индонезија да учествува на самитот Г20, но форматот на учество сè уште се разјаснува, изјави денеска советникот на Путин, Јуриј Ушаков, цитиран од Тасс.

-Да, потврдивме дека нашето учество е планирано“, рече тој.

На Ушаков, меѓутоа, му беше тешко да одговори на прашањето дали рускиот претседател ќе учествува лично или преку видео врска.

-Не знам, засега е поканет за лично да учествува, но има уште многу време, се надевам дека пандемијата ќе дозволи овој важен форум да се одржи лично, но едноставно се плашам да нагаѓам, кажа советникот на Путин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници