Руската државна новинска агенција ТАСС објави дека експлодирал автомобилот на проруски политичар кој бил „задолжен за прашањата за образованието и културата во новата администрација“.
Автомобилот на Ирина Махнејева е кренат во воздух во градот Каховка, а таа не е повредена.
„Експлозивната направа експлодирала порано од планираното, што и го спасило животот“, пишува ТАСС, повикувајќи се на регионалната полициска управа во Херсон.
Обидот за атентат го потврди и Серхиј Клан, советник на началникот на украинската воена администрација во областа Херсон.