Приведен крадец, осуден на казна затвор од 10 години и пет месеци

Од:

Денеска во 08.10 часот на улицата „Јадранска магистрала” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 35-годишниот Т.И.Д. од Скопје, извести МВР.

– Тој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, за доиздржување казна затвор од четири години и осум месеци, а осуден со повеќе пресуди на единствена казна затвор од 10 години и пет месеци за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Би можело да ве интересира

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски