Албанскиот државјанин Роберт Хајди, еден од најекспонираните членови на неонацистичката грчка парија „Златна зора“, откако даде изјава во Полицискаиот комесаријат во Саранда е ослободен.
Против него и неколку други албански и грчки државјани Обвинителството во Валона се очекува да се покрене обвинение за „предизвикување национална омраза“.
Тој беше приведен на граничниот премин „Ќаф бота“ на албанско-грчката граница, поради учество на тригодишниот помен на Аристотел Гума, и извикување антиалбански пароли.
Поменот беше одржан минатата недела, а смртта на младиот Гума се уште е мистерија, зашто Грците сметаат дека тој е убиен врз етничка сонова.
На гробот во месноста Гума, кај гратчето Химара, златнозорците, според албанските медиуми, извикувале антиалбански пароли, повикувајќи на војна и меѓуетничка нетрпеливост.
Хајди ја прочитал и пораката на „Златна зора“ во која ветуваат ослободување на Химара. Хајди е познат на јавноста и по учестувувото во екстремистичките напади врз емигрантите во Грција. Тој е сопственик на луксузниот хотел „Хотел Палас Лукова“ во Луков, каде беше одржан и изборот на убавица на Албанија за 2011 година. Неговата близина со Златнозорците ги зачуди и грчките медиуми, поради фактот што тој не е Грк а членови во екстремистричка партија, која насилно се однесува кон странците.
Грчкот весник „Етнос“ неодамна пренесе интервју со него, кој на прашањето што го поврзува со „Златна зора“ и зошто сеуште нема грчко државјанство, одговара дека напаравил ДНК анализа со која било потврдено дека е вистински Грк. Грците јужниот дел на Албанија, каде главно е сконцентрирано грчкото малцинство го нарекуваат Ворио Епир (Северен Епир) и го сметаат за грчка територија а и самите Албанци Грци се нарекуваат Североепирци.