Уапсени осуммина вработени во Македонски пошти – седуммина добија притвор

Од:

Во полициска акција ноќеска се уапсени 8 вработени во Македонски пошти, дознава Канал 5. Осомничени се за несовесно работење во службата. Утрово сите осуммина се изведени пред истражен судија и на седуммина им е одреден притвор.

Полицијата трага уште по двајца, кои во моментов не се достапни.

Според информациите на Канал 5 причина за апсењето е последниот филмски грабеж на поштата во Чаир на 26 Јули, кога двајца крадци украдоа 211 илјади евра и избегаа со веспи.

Меѓу уапсените е шефот на обезбедувањето на Пошта, двајца поштари, како и други луѓе чија задача била да се грижат за парите.

Според изворите на Канал 5 несовесното работење на осомничените вработени го утврдила и внатрешната ревизија која ја направила самата фирма Македонски пошти.
Повеќе информации за акцијата, МВР најави за утре.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски