Падна Северодонецк потврди градоначалникот

Од:

Градоначалникот на Северодонецк изјави дека руските сили целосно го окупирале овој стратешки важен град во источна Украина по неколку недели бомбардирање.

„Градот сега е под целосна контрола на Русија. Тие сега се обидуваат да го воспостават својот ред и го назначија својот командант“, рече градоначалникот на Северодонецк, Олександр Стрјук, пренесува Ројтерс.

Руските сили и силите на самопрогласената Луганска народна република (ЛНР) влегоа и во Лисичанск, а борбите моментално се водат внатре во градот, изјави денеска за ТАС извор близок до Народната милиција на ЛНР.

Продолжува напредокот во Лисичанска. Во внатрешноста на населбата веќе се водат борби. Во моментов е рано да се каже колку од градот е под наша контрола, но заедничките сили во градот напредуваат доста брзо“, изјави неименуван извор, пренесува ТАСС.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ