СДСМ: Исплатени 1,3 милијаради денари субвенции за 17.000 тутунари, се грижиме за земјоделците

Од:

Владата предводена од СДСМ во време на светска економска и енергетска криза, постојано води грижа за земјоделците и инвестира во домашното земјоделско производство. Заврши целосната исплата на субвенциите за тутунот од реколтата 2021, а исплатени се вкупно 1.3 милијарди денари или над 20 милиони евра на сметките на 17.000 тутунопроизводители рече на прес конференција Гоце Георгиевски, претседателот на Комисија за земјоделство на СДСМ.

– Процедурата со која тутунарите ја добија оваа финансиската поддршка започна веднаш откако пратениците во Собранието ја одблокираа законската измена во законот за земјоделство и рурален развој, преку одложувањето на обврската кон УЈП. Дополнително, со измените на Законот за земјоделство и рурален развој од оваа година за првпат започнува авансна исплата на субвенциите, што е особено важно во време на глобална економска криза. Во период кога сите држави се трудат да го зголемат своето земјоделско производство, земјоделците не смеат да бидат предмет на блокади и политички игри како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ со измените на Законот за земјоделство и рурален развој вели Георгиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он