(ВИДЕО) Каевски: Доста беа лаги од Мицкоски, да се извини и да ги поддржи државните позиции со Бугарија

Од:

„Пропаднаа сите лаги што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги пласираа во јавноста. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно пласираа невистини, лажни вести преку кои дома ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, а надвор ги поткопуваа државните позиции“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Лажеше Мицкоски и за наводна распродажба на идентитетот, на историјата и македонскиот јазик. Тоа е неодговорно, незрело и антидржавно однесување во клучни моменти за земјата и го покажува вистинското лице на оваа партија.

Откако сите нивни лаги пропаднаа, најмалку што можат да сторат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е да им се извинат на граѓаните.

Крајно време е Мицкоски да се промени и да застанат на страната на државата, на граѓаните, да ги поддржи државните позиции во односите со Бугарија наместо да ги поткопуваат.

Тоа, впрочем се позиции кои се темелат на црвените линии од Резолуцијата на Собранието за која гласаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски конечно да почне да работи за интересите на граѓаните и државата, наместо за интересите на некои туѓи центри на моќ.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски ќе продолжи да ги брани државните позиции и национални интереси, без разлика на тоа како ќе постапуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа