(ВИДЕО) Фатмир Битиќи: Пари има, луѓето да не се грижат за исплата на платите и пензиите

Од:

Се наоѓаме во потешка ситуација од претходните две години, одредени кругови не сакаат да признаат дека се наоѓаме во воена криза, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за „Макфакс“.

Тој уверува дека денарот е стабилен, а исто така и девизните резерви и депозитите во банките, кои, како што рече, растат.

Граѓаните, советува Битиќи, не треба да стравуваат од тој аспект затоа што, според него, банкарскиот систем е стабилен.

Појасни дека пари во буџетот има и дека луѓето не треба да стравуваат за исплата на платите и пензиите.

За состојбата во јавниот сектор и најавата за протест од страна на ССМ, Битиќи потенцира: „Покажавме доследност за она што се договоривме, единствено недоследни беа синдикатите. Не можеме да прифатиме да даваме повисоки плати, а да имаме резултати какви што имаме“.

На прашањето дали во септември ќе останеме без храна или ќе имаме ценовен шок, Битиќи одговара: „Тоа што можеме ние како Влада да го направиме е да гарантираме дека нема да има вештачко зголемување на цените и ќе го правиме тоа до денот кога е потребно. Очекувањата се дека инфлацијата ќе се движи во овие норми, тоа значи дека и цените ќе се движат во овие норми и дека нема да има многу повисоки движења на цените сè додека состојбата со воената криза остане ваква каква што е.

За потребата од нови задолжувања, блок-тарифите, стандардот на граѓаните, односот со опозицијата – во интервјуто за „Макфакс“ со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Би можело да ве интересира

Битиќи даде оставка од функцијата во СДСМ, но не се повлекува од политиката

(ВИДЕО) Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина на Македонија

Битиќи до домашните компании: Со заедничка поддршка инвестиравте над 500 милиони евра, да продолжиме заеднички

(ВИДЕО) Битиќи и Шкријељ: Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе ја замолчиме националистичката реторика

Катерина Ѓуровски

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Битиќи: Ако не успее сега, владата на СДСМ по 9 мај ќе ги продолжи стратешките инвестиции во енергетиката