Пронајдена дрога во гостиварско, приведени две лица

Од:

Вчера вечер околу 21.50 часот во гостиварско Дебреше, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 29-годишниот Ф.З. од Гостивар и 23-годишната А.О. од гостиварски Равен затоа што кај нив била пронајдена марихуанам соопшти МВР.

– Исто така, подоцна, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Ф.З., при што била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, писхотропни супстанци и прекурсори“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР