На Украина не може да и се помогне, тоа што таа го бара во ЕУ го нема, тврди австрискиот воен експерт Маркус Рајснер

Од:

Австрискиот воен експерт Маркус Рајснер смета дека Европа не може да ги исполни барањата на Киев за вооружување со тешко оружје.

Рајснер, за дневниот весник на јавниот сервис ОРФ, го наведе примерот со претседателот на Украина Володимир Зеленски кој од западните сојузници побарал 300 ракетни системи.

-Толков висок број ракетни системи во моментов не постои во цела Европа. Франција, Велика Британија и Германија тешко дека имаат двоцифрен број на ракетни системи. Тоа значи дека тие земји ќе мора да се разоружаат за да и помогнат на Украина, објасни тој.

Австрискиот офицер посочува дека производството е де факто невозможно за кратко време.

За да се произведе ваков вид оружје, целата индустрија ќе мора да се префрли на воено производство, како што беше случај во минатото за време на војните.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ