По повод 20 години од првиот натпревар на македонската кошаркарска репрезентација вечер во СЦ „Борис Трајковски“ ќе гостува трикратниот европски шампион Литванија. Ова ќе биде еден од контролните дуели за двете селекции пред Еуробаскетот во Словенија.
Нашата репрезентација за првпат се очекува да настапи комплетна откако на претходните дуели со Словенија, Украина и двата со Хрватска отсуствуваа Перо Антиќ, Лестер Бо Мек Кејлеб и Тодор Гечевски.
Од нашиот табор информација дека поради повреда најверојатно нема да настапи Марко Симоновски.
Литванија досега на контролните дуели имаше успех, а во Скопје нема да се појави во комплетен состав и вечерашниот натпревар ќе го пропуштат Кшиштоф Лавринович и Адо Јушкевичиус.
Почетокот на натпреварот е во 20 часот.