Договорено да се распушти израелскиот Парламент, следат нови избори

Од:

Израелскиот премиер Нафтали Бенет и министерот за надворешни работи Јаир Лапид се согласија да го распуштат парламентот, по што ќе следуваат нови избори, а во меѓувреме Лапид ќе биде вршител на должноста премиер, изјави израелски функционер.

Како што пренесуваат израелските медиуми, Парламентот ќе гласа за распуштање следната недела, по што Лапид ќе стане премиер.

Лапид и Бенет се очекува да и се обратат на јавноста.

Тие формираа коалиција од идеолошки различни партии во јуни 2021 година по две години чести избори без изборен победник, со што заврши рекордното владеење на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски