Рама: Отворен Балкан не ги обединува Албанија и Косово, но не ги ни раздвојува

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама, по денешната заедничка седница на неговата и Владата на Косово, изјави дека иницијативата Отворен Балкан не ги обединува неговите ставови со оние на косовскиот премиер Албин Курти, но тоа, според него, не е пречка за билатералните односи, јави дописникот на МИА од Приштина.

На заедничката прес-конференција со Курти, Рама изјави дека сé она што неговата влада го спроведува во рамки на Отворен Балкан ќе го спроведе и во однос на Косово.

– Навистина Отворен Балкан не нé обединува со Косово, но и не нé раздвојува. Во оваа точка имаме различни видувања, но тие видувања не нé спречуваат во билатералните односи да продолжиме напред. Мојата порака за мојата Влада е дека сé она што го заживуваме во Отворен Балкан треба да го заживееме и со Косово. Сите компании кои придонесуваат во трговскиот обем меѓу двете земји и немаат ризичност, ќе имаат овластување да користат еден коридор на царинската контрола. Ова го имаме во Отворен Балкан и го сакаме со Косово, рече Рама.

Тој нагласи дека укинувањето на царинските такси од Албанија ќе започне еднострано, бидејќи „Косово побара малку време за економска анализа“.

– Бизнисмените Албанци за мене припаѓаат на Албанија и на сите. За мене е значајно Албанија да биде подготвена да ги прими. Среќен сум за секоја инвестиција што доаѓа кај нас. Јас се среќавам со косовските бизниси и тоа не е нешто што се однесува на односите со Владата на Косово, рече Рама.

Запрашан дали е вистина дека на Преспанскиот форум во Охрид, во разговор со лидерот на Деморатската унија за интеграција, Али Ахмети и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, рекол дека „ќе го урива Курти“, албанскиот премиер одговори дека Курти може да се урне единствено ако самиот организира протест за тоа.

– Владата на Курти може да биде урната единствено од некој протест на Албин. Сé додека Албин самиот не излезе на протест против својата влада, нема кој да ја урне, рече Рама, заклучувајќи дека тоа што го пишуваат некои медиуми „е сосема без врска“.

Владите на Косово и Албанија денеска во Приштина одржаа заедничка седница, на која беа потпишани 19 меѓудржавни договори, меморандуми и протоколи. Ова беше осма по ред заедничка седница на двете влади, а првата се одржа во јануари 2011 година во Призрен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Фон дер Лајен: Извештајот за напредокот на земјите ќе биде објавен следната недела, Албанија со одлични резултати

А1он

Рама: Тажен сум што братска Македонија не е денеска со нас, нанесена и е голема штета

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ