Народното собрание на Република Српска денеска ќе одржи посебна седница.
Седницата се одржува на барање на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, со цел да се произнесе по Одлуката за поведување постапка за водење преговори за склучување договор за партнерство, трговија и соработка меѓу БиХ и Велика Британија.
Додик одлуката, донесена на 8 јуни ја прогласи за многу штетна за виталните интереси на Република Српска и ги повика пратениците да се изјаснат.
Според Уставот на БиХ, Народното собрание на Република Српска ја разгледува Изјавата на српскиот член на Претседателството на БиХ и доколку ја потврди со двотретинско мнозинство, спорната одлука на Претседателството на БиХ не влегува во сила.