Молдавија воведува забрана за информативни програми од Русија

Од:

Молдавската претседателка Маја Санду потпиша закон со кој се забрануваат информативни програми од Русија, соопшти директорката на Советот за телевизија и радио, Лилијана Вицу.

– Се воспоставува концептот на борба против дезинформации, што значи воведување на многу построги санкции. Доколку тоа се докаже, на фирмите ќе им се одземат лиценците на седум години. По правило, во предизборниот период забележуваме изобилство на дезинформации, рече Вицу.

Според неа, ситуацијата во Украина го принудува официјален Кишињев да донесе остри мерки.

На 2 јуни молдавскиот парламент усвои закон за заштита на информативниот простор, со кој се забранува реемитување на информативно-аналитички програми и воени филмови од Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија