(ВИДЕО) Кузеска: Дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ чини скапо, од каде се 300.000 евра за пропаднатиот митинг со блокирана сметка?

Од:

„Целата јавност вчера сведочеше на дебакл од страна на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Скапо чини дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ и пропаднатиот митинг со слаб одѕив и лоша организација. На митингот имаше присутни околу 15.000 членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата сигурно планирала повеќе и ангажирала превоз и останати потреби за околу 20.000 членови“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Превоз за 20.000 членови чини над 200.000 евра. 400 автобуси по околу 400 евра, за комбиња уште 10.000 евра.

За бина, озвучување, светло и струја уште 20.000 евра.

За вода, сендвичи околу 30.000 евра, трошоци за брза помош, пожарна околу 10.000 евра.

Лесно се доаѓа до вкупна сума од 300.000 евра.

300.000 евра во време на криза за пропаднат митинг, слаб протест за задоволување на егото на Христијан Мицкоски.

Сите знаат дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ е блокирана, а имотот е замрнзат, пред конфискација.

Од каде се 300.000 евра на ВМОР-ДПМНЕ со блокирана сметка и замрзнат имот?“, прашува Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он