Зеленски по враќањето од фронтот на југот на Украина: Војниците не се сомневаат во победата против Русите

Од:

По враќањето од фронтот на југот на земјата, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите војници не се сомневаат во победата против руските сили.

Зеленски, кој ретко оди надвор од главниот град Киев од почетокот на руската инвазија, вчера за првпат го посети местото Николаев на југот на земјата.

„Никому нема да го дадеме југот, ќе вратиме се, а морето ќе биде украинско, ќе биде безбедно“, се наведува во видеото што Зеленски го објави на Телеграм по враќањето во Киев.

Зеленски ги посети украинските војници и им се заблагодари за нивната „херојска служба“ во борбата против руските сили поддржани на исток од областа на анектираниот Крим.

„Важно е да сте живи. Се додека сте живи, постои силен украински ѕид кој ја штити нашата земја“, им рекол тој на војниците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ