Пораз на Украинците кај Северодоњецк

Од:

Руските сили продолжија да го напаѓаат подрачјето околу Северодоњецк во источна Украина со тешка артилерија и ракети, соопшти утрово украинската армија.

Главниот штаб на украинската армија призна дека нивните сили претрпеле пораз во населбата Метолкине, југоисточно од Северодоњецк, клучен град во областа Луганск, кој Русите се обидуваат да го освојат со недели.

„Непријателот постигна делумен успех благодарение на тешкиот артилериски оган и пешадискиот напад“, соопшти синоќа украинската армија.

Серхи Хајдаи, украинскиот гувернер на областа Луганск, на својот канал Телеграм објави за „тешките борби“ во Метолкине.

Повикувајќи се на проруските сепаратисти, руската прорежимска новинска агенција Тасс објави дека „многу украински борци се предале во Метолкинe“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ