Двете мензи во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола се затворени откако кај вкупно 41 лице од четвртокот до денес се појавиле симптоми за труење со храна.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска ја затвори втората менза, додека првата беше затворена уште во четвртокот по појавата на симптоми кај дел од вработените.
„Земени се мостри од консумираната храна, брисеви од работните површини и брисеви од персоналот“, велат од ДСЗИ за „А1он“.
Според последните информации, во текот на денешниот ден вкупно 11 лица пријавиле труење, а најверојатно причина за тоа е консумирање на салата со краставица, домат и пченка.