Џонсон: Многу е важно да знаеме дека Украина ќе победи

Од:

Важно е Британија да продолжи да ја покажува својата поддршка за Украина на долг рок, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон и предупреди на ризикот од замор со ситуацијата во Украина како што одминува времето.

„Русите напредуваат сантиметар по сантиметар и за нас е од витално значење да го покажеме она што знаеме дека е вистина, а тоа е дека Украина може да победи и ќе победи“, изјави Џонсон по враќањето од Киев во Британија, пренесува Гардијан.

„Кога станува збор за замор, многу е важно да покажеме дека сме со нив на долг рок и да им ја дадеме стратешката отпорност што им е потребна“, рече Џонсон.

Во неговите разговори со претседателот Зеленски, Џонсон рече дека Британија ќе биде подготвена да обучи десетици илјади украински војници додека тие продолжуваат да се борат против Русите.

Тој додаде дека Украинците треба да бидат поддржани во нивната амбиција да ја вратат територијата окупирана од руските сили откако извршија инвазија во февруари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ