Вчера вечер, во 19.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода 35-годишниот Б.Љ. од Тетово, извести МВР.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
