Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повикаа европските лидери да одржат итни консултации за кризата во Египет.
Оланд и Меркел по телефон разговарале за ситуацијата во Египет, повикувајќи на итен прекин на насилствата и итно организирање на состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ идната недела, соопшти француското претседателство.
Францускиот претседател и германската канцеларка побараа министрите за надворешни работи да одржат итна средба идната недела, за донесување одлука за соработка меѓу ЕУ и Египет и формирање на заеднички одговор, се наведува во соопштението.
ЕУ, претходно, соопшти дека високите претставници на 28-те земји членки ќе се сретнат во понеделник со цел да разговараат за кризата во Египет, каде изминатите три дена животот го загубија над 650 лица.