Приведени криминалци барани со потерници

Од:

Вчера, во 18.05 часот на улицата „Македонско-косовска бригада” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 22-годишниот С.Ш. од Скопје, информира МВР.

– Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. На 17.06.2022 во 12.10 часот на ул.„Христо Смирненски” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(29) од Скопје, соопшти МВР.

Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна.Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он