Си: Соработката меѓу Кина и Русија покажува добар моментум

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг во снименото видео обраќање на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург рече дека соработката меѓу Кина и Русија покажува добар моментум.

Претседателот на Кина истакна дека има целосна доверба во кондицијата на кинеската економија. – Кина е подготвена да соработува со Русија и сите други земји за да ги истражи изгледите за развој, да ги сподели можностите за раст и да даде нов придонес за продлабочување на соработката за глобален развој и градење заедница со заедничка иднина за човештвото, додаде Си.

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека блиските односи на Русија со Кина не се поврзани со геополитички настани.

– Руската соработка со Пекинг се води од потенцијалот на Кина, а не од неодамнешните геополитички настани, појасни Путин по обраќањето на Си Џинпинг.

Во своето обраќање, Си посочи дека светот се соочува со големи промени и пандемија од невидени размери во текот на еден век, економската глобализација се соочува со спротивставени ветришта и дека има невидени предизвици за спроведувањето на Агендата на ОН за одржлив развој до 2030 година. – Во време кога меѓународната заедница е толку заинтересирана за постигнување поправеден, одржлив и безбеден развој, треба да ги искористиме можностите, да се соочиме со предизвиците директно и да работиме на имплементација на Иницијативата за глобален развој за да изградиме заедничка иднина на мир и просперитет, истакна Си, пренесува Синхуа.

Си истакна дека основите на кинеската економија – нејзината силна отпорност, огромниот потенцијал и долгорочната одржливост – остануваат непроменети. – Имаме целосна доверба во економскиот развој на Кина. Кина ќе продолжи да промовира висококвалитетен развој, да го прошири отворањето на земјата со поставени високи стандарди, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Си Џипинг следната недела ќе се сретне со Путин објави Ројтерс

Си Џипинг: Кина е подготвена за поцврсто партнерство со Русија

Се сретнаа Бајден и Си

Катерина Ѓуровски

Си: Кина е подготвена да работи со САД за доброто на двете земји

Си од Бизнис форумот на БРИКС упати апел за мир во Украина

А1он

Трамп: Путин, Си, Ким и Ердоган се „шахисти од светска класа“

Ана Ололовска