Русија ја коментираше препораката на Европската комисија Украина и Молдавија да бидат именувани за кандидати за членство во Европската унија. За време на редовниот брифинг со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русија внимателно ги следи напорите на Украина да стане членка на ЕУ.
„Ова прашање бара наше зголемено внимание затоа што сите сме свесни за интензивирањето на дискусиите во Европа за зајакнување на одбранбената компонента на ЕУ“, рече тој, додавајќи: „Во Европа има различни трансформации што ги следиме највнимателно“.
Песков за новинарите изјави дека целта на руската „специјална воена операција“ во Украина продолжува да го „спасува и обезбедува“ населението во источниот регион Донбас од, како што рече, „варварските напади“ на силите на Киев.
Русија е во контакт со Турција во однос на извозот на жита од Украина, но има голема неизвесност од украинската страна, додаде Песков.