Русија за 50 отсто ја намали испораката на гас за Италија

Од:

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ го намали извозот на гас од Италија за 50 отсто, соопшти денеска италијанската енергетска компанија „ЕНИ“.

„Газпром“ му вети на Рим само половина од 63 милиони кубни метри гас нарачани за денеска, информираше „ЕНИ“.

Снабдувањето со гас е веќе намалено оваа недела за 15 отсто во средата и 35 проценти вчера.

Русија го прекина или намали снабдувањето со гас за неколку европски земји во изминатите неколку недели, поради споровите околу санкциите на Западот воведени кон Москва за нејзината инвазија на Украина.

Испораките за Германија беа намалени за 60 отсто оваа недела преку гасоводот „Северен поток“ во Балтичкото Море.

Комесарот за економија на Европската Комисија, Паоло Џентилони, вчера предупреди дека стариот континент би можел да влезе во рецесија, доколку се прекине снабдувањето со гас од Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади