Европската комисија: На Украина да ѝ се даде кандидатски статус за ЕУ

Од:

Европската комисија ја поддржа идејата Украина да стане кандидат за Европската унија.

Овој потег ја носи Украина чекор поблиску до Унијата.

Оваа вест ја објави Би-Би-Си, повикувајќи се на шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Претседателката Урсула фон дер Лајен изјави дека Комисијата предлага „на Украина да ѝ се даде кандидатски статус. Ова, секако, на разбирање дека земјата ќе спроведе бројни дополнителни реформи“.

– Од гледна точка на Комисијата, Украина јасно ги покажа аспирацијата и решеноста да ги исполни европските стандарди, додаде Фон дер Лајен.

Според ДПА, ЕК предлага статус кандидат за во ЕУ и за Молдавија.

Украина аплицираше за членство откако Русија ја започна инвазијата врз земјата кон крајот на февруари. Потоа следуваа и барања за членство од Молдавија и Грузија.

Би можело да ве интересира

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Шмихал: Украинската влада го одобри потпишувањето на договорот меѓу Украина и САД

Горан Наумовски

Кремљ вели дека нема шанси за враќање на окупираните територии на Украина

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Зеленски го разреши командантот на Здружените сили