(ВИДЕО) Украина: Погодивме руски шлепер полн со оружје и војници, одеа на Змискиот остров

Од:

Украинската морнарица објави на социјалните мрежи дека го погодила рускиот спасувачки шлепер „Спасател Васили Бек“, за кој се вели дека превезувал муниција, оружје и персонал на руската Црноморска флота до Змискиот остров.

Русите засега ништо не коментираат. Сè потврди и гувернерот на Одеса, Максим Марченко кој го повтори своето тврдење за успешен украински напад.

„Утринава во Црното Море, влечното возило на Црноморската флота Васили Бек беше погодено со проектили додека превезуваше муниција, оружје и персонал до Змискиот остров. Честитки за тимот на крстосувачот Москва“, напиша Марченко.

Нема јасна индикација кога видеото е снимено или дека го покажува она што се тврди – снимката не била независно потврдена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ