Оштетени се најмалку 10 приватни куќи, а уништени се едно училиште и една станбена зграда во областа Харков, изјави гувернерот Олег Синегубов на апликацијата Телеграм, додавајќи дека станува збор за воени злосторства на руските окупатори.
„Борбите продолжуваат. Во насока на Харков во областа Кочубеевка, непријателот претрпе загуби и се повлече. Во областа Изјум, окупаторите се обидуваат да ја продолжат офанзивата во правец на Славјанск. Нашите бранители ги одбиваат сите непријателски напади“.
Едно лице загина утрово откако руските сили погодија четири станбени згради во Миколаев, изјави гувернерот на регионот Виталиј Ким. Уште шестмина се повредени, меѓу кои и едно дете.