СДСМ: На Мицкоски око не му трепнува за граѓаните, прави голема штета врз државата

Од:

„Мицкоски е лажен патриот, без основно чувство за државност, чија најголема грижа е одбрана на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Со секоја нова пресуда за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски станува негов уште пожесток бранител“, соопшти СДСМ.

„Нему око не му трепнува за граѓаните кои осиромашувале, додека ВМРО-ДПМНЕ ги крадело, затоа сите украдени пари од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат кај граѓаните.

Наместо да повика на одговорност и да им се извини на граѓаните, Мицкоски се обидува да им го продаде својот лажен партиотизам.

Тој прави голема штета за државата, дома глуми патриот а надвор поддржува документи кои ги поткопуваат меѓународните позиции.

Мицкоски им нанесе сериозен удар на државните позиции со прифаќањето на Резолуцијата на ЕПП со бугарски ставови, исто како што пред поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, велеше дека го поткрепа Договорот за добрососедство.

Тоа е лажното лице и неодговорното однесување на Мицкоски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните