Ѓорческа испушти пласман во полуфиналето

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Брчко, откако во четвртфиналето загуби од Катарина Јокиќ од Босна и Херцеговина со 2:1 во сетови.

Нашата тенисерка се наоѓаше пред пласман во полуфиналето особено што беше убедлива во првиот сет и доминантна на стартот од вториот сет. Првиот сет го доби со максимални 6:0, а во вториот сет водеше со 3:0. Првите проблеми беа во 5. гем од вториот сет, кога Јокиќ намали на 3:2 и потоа го доби сетот со 6:4. Во третиот сет Ѓорческа повторно поведе со 4:1 во гемови, но немаше игра за завршните два гема и повторно домашната тенисерка го доби сетот со 7:5 за победа.

Ѓорческа испушти шанса да го повтори успехот од минатата недела од турнирот во Арад, а и останува попладнево да го игра мечот во двојки во полуфиналето.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ