Бајден: Рецесијата во САД не е неизбежна и има причини за оптимизам

Од:

Рецесијата во САД не е неизбежна и има причини за оптимизам, истакна денеска американскиот претседател Џо Бајден.

Тој коментираше предупредувања на економисти за можен пат на САД кон рецесија.

Според Бајден, американскиот народ е „многу, многу депресивен“ по две бурни години со пандемијата од Ковид-19, економската нестабилност и најновиот раст на цените на горивото што го погодува буџетот на семејствата.

Како што тврди Бајден, потребата за менталното здравје во САД е огромна, бидејќи сè на што луѓето сметаа, се наруши и пропадна. Но, најголем дел е последица на кризата со Ковид-19, смета претседателот.

Неговата оценка е дека има причина за оптимизам. Тој е уверен оти САД се подобро позиционирани од која било земја на светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски